Еден до домаќините на Европското првенство, селекцијата на Црна Гора ја забележа третата победа во „Морача“, откако славеше против незгодната Полска со 26-23. Црногорките со 4 бода доаѓаат во Скопје, бидејќи ги совладаа трите ривали во групата.
Полските репрезентативки водеа во повеќе наврати во првиот дел, имаа и плус три гола предност, но на пауза се замина со реми, 12-12.
Во второто полувреме избраничките на Бојана Поповиќ комплетно го надиграа ривалот и доминираа на теренот.
Најдобра во победничката репрезентација беше Јованка Радичевиќ со 12 погодоци, додека кај Полска се истакна Кобилинска со шест гола. Другите два патника во Скопје од оваа група ќе бидат познати по мечот меѓу Шпанија и Германија.