Официјалната страна на Мундијалот во Египет 2021 година објави интервју со главниот доктор од медицинската комисија на турнирот, Хазем Камис во кое тој ги истакна мерките кои ќе бидат применувани за време на првенството.
Сите учесници на првенството ќе мора да имаат негативен тест на коронавирус 48 часа пред пристигнувањето во Египет. Исто така ќе треба да се следат сите препораки за патувење во африканската држава.
За време на натпреварувањето сите репрезентации, ракометари, службени лица и сите останати кои учествуваат во организацијата и имаат директен контакт со учесниците ќе бидат тестирани на секои три дена. Во арените сите освен ракометарите мораат да носат заштитни маски за време на натпреварите и тренинзите.
Лекарската комисија одлучи да дозволи определен број гледачи да ги следат натпреварите, а тоа ќе биде од 25% до 30% од капацитетот на арените при што ќе биде запазено растојанието од два метри.
Исто така и ждрепката за Светското првенство која ќе се одржи на 5 септември кај пирамидите во Гиза ќе биде со ограничен број присутни. Најмногу 200 лица ќе присуствуваат на церемонијата, а ќе бидат поделени во групи на официјални лице, новинари и поканети гости.
Првенството во Египет ќе се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021, а иако ждрепката е за неколку дена сè уште две места за учесниците остнуваат празни.