Пролет задржа уште еден млад ракометар

Тимот на Пролет потпиша нов договор со Виктор Додевски, 19-годишниот ракометар кој е производ на младинската школа на клубот.

Додевски, кој настапува на позицијата десен бек и десно крило, е еден од најдобрите ракометари во младинската екипа на Пролет, а во последните сезони добиваше шанса и во првиот тим да ги покаже своите ракометни квалитети.

Претходно Пролет ги продолжи договоррите со кадетските репрезентативци Томислав Димовски, Михаел Тотиќ и Андреј Стојановски.

Пролет го стартува настапот во плеј-офот, со гостување кај актуелниот шампион Вардар в понеделник.