Ракометната федерација на Македонија денеска на пладне ќе ги пушти во продажба билетите за реваншот од бараж двомечот со Чешка за пласман на Мундијалот во 2023 година.
Тие ќе чинат 100 денари и ќе може да се купат онлајн на mktickets.mk, а исто така и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Ова ќе биде последниот репрезентативен натпревар за двете легенди на македонскиот ракомет, Кире Лазаров и Филип Миркуловски, пред домашната публика.
Реванш средбата меѓу Македонија и Чешка ќе се игра на 17 април од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека првиот меч е во Злин на 13 април од 19:15 часот.