Директорот на тимот на Рајн Некар, Џенифер Кетeман коментира дека клубот се соочува со проблеми после одлуката сезоната да биде завршена. Проблемите се од финансиска природа и ќе има голема штета.
„Ќе претрпиме загуби и тоа големи со шестбројки. Ќе биде навистина тешко, а штетата голема“ вели Кетеман.
Ова значи дека ќе мора да бидат вратени и пари за билетите кои веќе биле купени.
„Од спортски аспект, одлуката е крајно неуспешна. Сите сме заинтересирани за фер конкуренција во која се донесуваат одлуки во играта. Ова е нашиот најважен приоритет и одлукта што би сакале да ја слушнеме во клубот. Со оглед на моменталната ситуација, за жал единственото реално сценарио е крајот на сезонта и ние сите го поддржавме“, коментира Кетеман.
Враќањето на влезниците сигурно ќе испразни добар дел од касата на клубот така што ова ќе биде сериозен удар за клубот.