По кавадаречки Тиквеш, тимот на Прилеп е вториот четвртфиналист во Купот на Македонија. Избраниците на Адријано Котевски, иако ја немаа помошта на своите навивачи, славеа на двата меча од групата 4 во салата „Ричко“ во Прилеп.
Најпрво во полуфиналниот двобој беа подобри од составот на Партизан Гевгелија со 22-28, а во финалето имаа многу посилен ривал.
Аеродром, кој во полуфиналето беше убедлив од Јехона, во првото полувреме беше рамноправен со домаќинот и на пауза се замина со 15-15.
На стартот на вториот дел прилепчани направија солидна залиха од четири плус, 19-15, која ја одржуваа до самиот крај. Аеродромци се заканија во финишот намалија на минус два, но немаа сили за комплетен пресврт.
Најдобри стрелци кај победникот беа Кристи Бикоски со осум и Филип Пајкоски со шест голови, додека кај Аеродром се истакна Марио Лефковски со 11 голови.
Резултати, осминафинале Куп на Македонија:
ГРУПА 1
РИНИА М – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КЛ 7 18-36
финале КЛ7- ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
ГРУПА 2
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ТИКВЕШ 32-48
АЛУШОВСКИ – ПРЕСПА
финале ТИКВЕШ – АЛУШОВСКИ 41-23
ГРУПА 3
БОРЕЦ – АСТРАИОН
ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 37-28
финале ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН 29-28
ГРУПА 4
ПАРТИЗАН – ПРИЛЕП 22-28
АЕРОДРОМ – ЈЕХОНА 34-24
финале ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ 32-29