Во првиот вечерен термин за Лигата на Европа се одиграа четири натпревари во рамки на 5. коло. Нови победи остварија ЦСКА Москва, Фуксе Берлин, и Кристијанштад додека најинтересно беше на дуелот Тулуз и Висла Плоцк.
Ракометарите на Висла Плоцк го задржаа максималниот учинок после гостинската победа над Тулуз во интересн натпревар. Висла триумфираше 26:25, а после првиот дел гостите имаа предност од 14:12. Тулуз имаше минимална предност пред крајот, но со два гола во последните моменти од мечот гостите остварија победа.
Фуксе Берлин доста тешко стигна до бодовите против Динамо Букурешт со 33:29 . Првиот дел домашниот тим имаше постојано водство и највисока преднос од шест гола но на полувреме беше 15:12. Во продолжението Динамо Букурешт успеа да израмни на 19:19, но до крајот фаворитот успеа да триумфира.
Рускиот претставник имаше убедливо издание против Бешикташ на домашен терен и славеше убедлива победа. Уште по првите 30 минути ЦСКА беше многу блиску до победата кога водеше 21:9. Во продолжението без проблеми стигна до втората победа. Кристијанштад немаше проблеми да слави против Татран Прешов со 32:25.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 5.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ВИСЛА ПЛОЦК 25:26 (12:14)
ФИВЕРС – АДЕМАР ЛЕОН 33:33 (19:20)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ одложено
ГРУПА Б
ФУКСЕ БЕРЛИН – ДИНАМО БУКУРЕШТ 33:29 (15:12)
КРСТИЈАНШТАД – ТАТРАН ПРЕШОВ 32:25 (14:13)
СПОРТИНГ – НИМ 26:30 (12:15)
ГРУПА Ц
ЦСКА МОСКВА – БЕШИКТАШ 32:24 (21:9)
МОНПЕЛЈЕ – АЛИНГСАС 32:21 (16:13)
НЕКСЕ – МАГДЕБУРГ 24:32 (8:15)
ГРУПА Д
ТРИМО ТРЕБЊЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (14:12)
ГОГ – ТАТАБАЊА одложено
РАЈН НЕКАР – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН одложено