Искуството собрано од 32 години играчка и осум години тренерска кариера Александар Царчев, засега, го пренесува само како тренер на голмани.
Тој смета дека е подготвен и да биде прв тренер на една екипа, но времето ќе покаже дали тоа ќе го реализира.
„Среќен човек сум затоа што го работам она што го сакам. Целиот живот сум во спортот и таму се пронаоѓам. Можам да бидам и прв тренер на некоја екипа, подготвен сум и имам доволно знаење и искуство, но најдобро се чувствувам во подготовка на голманите. Предизвикот останува. Ние, тренерите сме со спакуван куфер, работите кај нас се случуваат преку ноќ. Ќе видам што ќе донесе времето. Доколку прифатам да бидам прв тренер на една екипа тоа нема да биде во Македонија затоа што тука ме иритира тоа што не знаеме да си го цениме сопствениот квалитет”, вели Царчев.
Интервјуто со Александар Царчев прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЦАРЧЕВ: Голманите се најсилната алка во репрезентацијата!