Вардарци ја забележаа првата победа во 2022 година откако денеска го одиграа дуелот од 18. коло од Супер машката лига на кој го совладаа Пролет со 34:22.
Ракометарите на Пролет влегоа мотивирано на дуелот против фаворитот. Шампионот имаше контрола, но гостите успеваа да се одржат во резултат кој им даваше надеж барем во првиот дел да имаат неизвесност.
Откако Вардар поведе со 2:0 и 3:1 дојде до првото израмнување на 3:3. Тука имаше еден период на надигрување кое траеше повеќе од 20 минути. Пролет успеваше да остане во резултат кој даваше шанса за интересно продолжение. Неколкупати резултатот беше нерешен, но беше јасно дека Вардар ќе мора да засили доколку сака да успее да стигне до победа.
Во финишот од првото полувреме се случи клучната разлика за на одмор да се замине со 15:12.
Овие плус три од крајот на првото полувреме набрзина станаа плус шест, 18:12. Тука почна зголемувањето на предноста и беше јасно дека на овој дуел нема да има поголем проблем. Она што беше карактеристика на гостите во првото полувреме не беше ситуација во продолжение бидејќи тимот на Вардар имаше целосна контрола и рано обезбедување на двоцифрена предност.
Одбраната на Пролет не беше на нивото од првиот дел и домашните многу полесно стигнаа до погодоци. Тоа даде простор за подобра игра во продолжението од натпреварот така што на крајот само требаше да се зачува разликата направена на средината на вториот дел.
Вардар искусно го финишираа овој дуел и продолжуваат со трката за прво место на табелата што ќе значи и шест бода во плеј-офот и мала предност во однос на конкуренцијата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА