Првата фаза заврши за 12 селекции, веќе се подготвуваат за втора рунда

Натпреварите од последното 3. коло од првата фаза на Светското првенство во групите Е, Ф, Г и Х не донесоа изненадувања, па она што се очекуваше беше и потврдено на теренот така што во следната рунда одат селекциите кои имаа повеќе шанси за да го направат тоа.

Македонија се најде меѓу составите кои ќе играат во втората рунда, но јасно е дека шансите за четврт-финале се само теоретски особено и поради тоа што во елиминациите одат само по две селекции од новоформираните групи.

Од групата Е во следната рунда одат Франција, Норвешка и Швајцарија, а Австријците се мало разочарување, но тие на првенството беа без своите најдобри играчи.

Групата Ф ги даде Португалија, Исланд и Алжир и тоа е пласман кој можеше да се очекува бидејќи тие важеа како фаворити за пласман и пред првенството.

Шведска, Египет и Македонија одат понатаму до Групата Г, а тука мал шок му се случи на домаќинот кој остана без планирани бодови од пресметката со составот на Шведска.

Од групата Х исто така резултат според очекувањата, а во следната рунда се европските состави иако и Јужна Кореја покажа дека и со подмладен состав можат до високи резултати. Русија, Словенија и Белорусија си најдоа место меѓу најдобрите 24.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА Е

ФРАНЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА       25:24 (ИЗВЕШТАЈ)

НОРВЕШКА – АВСТРИЈА              38:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ГРУПА Ф

ПОРТУГАЛИЈА – АЛЖИР             26:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ИСЛАНД – МАРОКО      31:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ГРУПА Г

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ  32:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ШВЕДСКА – ЕГИПЕТ       24:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ГРУПА Х

ЈУЖНА КОРЕЈА – РУСИЈА            26:30 (ИЗВЕШТАЈ)

СЛОВЕНИЈА – БЕЛОРУСИЈА       29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА