Првиот и досега единствениот клуб што имаше и машки и женски тим во Лигата на шампионите, откако елитното натпреварување се игра под капата на ЕХФ, беше нашиот Вардар. Двата „црвено-црни“ тима последен пат на големата сцена играа пред две години, но оваа сезона се појави тимот на Савехоф го повтори успехот на македонските клубови.
„Тоа е голема чест за нас, но не е лесно да се натпреварувате на два фронта. Имаме солиден терен, добар систем, млади ракометари и многу добри тренери“, велат од шведскиот клуб.
Иако Вардар и ЖРК Вардар често биле домаќини во ист викенд на натпреварите од елитната конкуренција, сепак никогаш не играа во ист ден. Швеѓаните тоа го искористија на најубав можен начин и ќе им овозможат на навивачите три пати по ред двојна програма во „Партиле Арена“.
Најпрво в сабота, женската екипа на Савехоф ќе игра со чешкиот Мост, додека два и пол часа подоцна мажите ќе се сретнат со шпанската Бидасоа. В среда ќе има ист случај, но сега станува збор за мечеви од шведскиот шампионат. Серијата ќе заврши следната сабота, на 9 ноември, со два меча од Лигата на шампионите, против Ѓер и Кокс.