Ракометниот Суд во Европската ракометна федерација донесе одлука за отворениот случај за ракометарката Тамара Хорачек.
Францускиот лев бек со хрватски корени доби казна поради тоа што потпишала договори со два клуба во исто време – унгарскиот Шиофок и францускиот Мец.
Во меѓувреме во Шиофок се зголемија финансиските проблеми, па ЕХФ го зема тоа во предвид пред да донесе одлука и санкција, која е минимална.
Хорачек додека се уште имала активен договор со Шиофок, без да добие раскин, го потпишала договорот со Мец што беше активен од стартот на оваа сезона.
Казната што треба да ја плати Хорачек изнесува 3.750 евра и условна суспензија од една година од ракометните терени.