Последните 60 секунди од финалето во Рига – македонските кадети слават пласман на ЕП и СП

Македонските кадети победија на ЕХФ шампионатот во Рига, откако во финалето триумфираа против Швајцарија со 24-22.

Последните седум минути Македонија одигра перфектно, успеа да ја анулира негативата од два гола и на крајот на се радува. Последните 60 секунди, нашите кадети играа мајсторски и заслужено се радуваа.