Поранешниот ракометар, а потоа и претседател на тимот на Преспа, Илчо Котевски пред шест месеци ја загуби битката со Ковид 19.
Неговите големи пријатели од ракометните терени, но и сограѓани од Ресен покажуваат дека тој и понатаму е во нивните срца што може да се види и од фотографијата подолу.
Горан Печенковски, Кристијан Василевски и Димитар Георгиевски се тројцата ракометари кои се родени во Ресен и кои денеска уште еднаш му оддадоа почит на Котевски.
Печенковски и Василевски ја носеа маичката и при претставувањето на играчите пред денешниот дуел против екипата на металург, додека Георгиевски го нема во составот за оваа средба на тимот на Бутел Скопје.
На маичките стои натпис: „Котле засекогаш во нашите срца“.
Металург се испоти против Бутел, но се врати на терените со победа
Кој утна: И Бутел и Металург играат во бело – домаќините мораа да стават маркери (ФОТО)