Поповски без грешка, Цирих обезбеди опстанок

Тимот на Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, обезбеди опстанок во швајцарскиот шампионат.

Во разигрувањето за опстанок, Цирих со три чисти победи во серијата „подобар од пет“ го елиминираше составот на Ендинген.

На последниот натпревар, Амичитија на домашен терен славеше со 29-23, а Поповски беше најдобар на теренот.

Македонското десно крило успеа да погоди осум пати од осум обиди, а сите погодоци беа од игра.