Одлучувачкиот натпревар за титулата во македонското првенство Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го играат на 1. мај.
Битолскиот состав направи „брејк“ со последниот одигран натпревар во Скопје во кој славеше со 23:24, па затоа на Вардар му е потребна победа во Битола, во спротивно пелистерци ќе бидат новите шампиони.
Ако стигнат до трофејот за Еурофарм Пелистер тоа ќе биде нивни седми трофеј на домашната сцена, меѓутоа прв после цели 17 години. Вардар е рекордер во оваа категорија со 14 освоени трофеи.
Покрај битката за првенството Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат главните кандидати за трофејот на Ф4 турнирот во Кавадарци кој ќе се игра од 13. до 15. мај.