Со прозивката на тренерот Владо Недановски и неговиот стручен штаб стартуваа подготовките на Вардар за новата сезона.
По заминувањето во пензија на капитенот Стојанче Стоилов, вардарци на првиот тренинг го избраа и новиот предводник.
Според очекувањата, тоа ќе биде еден од најискусните ракометари во „црвено-црниот“ тим – Гоце Георгиевски.
Популарниот Џомба веќе три сезони го носи дресот на Вардар и секогаш е меѓу најдобрите стрелци во тимот.
Негов заменик ќе биде десниот бек Томислав Јагуриновски. Официјалното деби на Георгиевски како капитен ќе биде на мечот со Рајн Некар Левен од квалификациите за Лигата на Европа.