ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стојановиќ одбра за Турција, отпаднаа Стојменов и Субашевски

Машката кадетска репрезентација денеска го игра првиот натпревар на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Ривал на Македонија ќе биде Турција, а селекторот Раде Стојановиќ го одреди составот на нашата репрезентација.

Од ракометарите кои се во Рига, од комбинација за овој натпревар отпаднаа пивотот Александар Стојменов и левото крило Дамјан Субашевски.

Натпреварот започнува од 19:30 часот во „Олимписки центар“ во Рига, а судиите ќе бидат Естонците Харгин и Макеев.