Познати арбитрите за двомечот меѓу Ѓорче Петров и полскиот Јарослав

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп во женска конкуренција.

Македонија има само еден претставник во Европа, а тоа е шампионот Ѓорче Петров, кој ќе ги вкрсти копјата со незгодниот полски тим Јарослав.

ЕХФ ги делегираше словенечките арбитри Жан Пукшиќ и Миха Сатлер, како и делегатот Ана Мелконијан од Ерменија за македонско-полскиот двомеч.

Двата натпревари ќе се играат во салата во Автокоманда на 13 и 14 јануари со почеток во 18:00 часот.