Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат вториот натпревар од Лигата на Европа против унгарската Татабања.
По вчерашниот триумф со 21-19, стратегот Жељко Бабиќ реши да не прави измени во составот на битолската екипа.
Надвор од ростерот, исто како вчера, и денеска ќе бидат Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Милан Ѓукиќ и Благојче Трајкоски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра денеска во „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.