Новостите дека има позитивни случаи на Ковид-19 во француските клубови веќе станаа секојдневна навика.
По женските клубови Шамбре Турен, Флери Луар, Мец…потоа машките клубови Екс ан Прованс, Иври, Лимож…се појави позитивен случај и во тренинг центарот на тимот на Нант.
Името на ракометарот кој веднаш е изолиран не е објавено, но Нант најави дека нема позитивни во првата екипа и подготовките на тимот ќе бидат адаптирани.
Пријателскиот натпревар против ПСЖ што требаше да се одигра овој петок е откажан.