Пешевски: На моменти игравме срамно, но не го кажавме последниот збор!

Екипата на Вардар го доби првиот дерби дуел против Еурофарм Пелистер сезонава, триумфираше со 31:24 во рамки од 5. коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Најефикасниот во поразениот табор, кружниот напаѓач Жарко Пешевски истакна дека искуството на Вардар на вакви дерби дуели било причина за поразот на неговиот тим, кој целосно потфрли во вторите 30 минути.

,,Мислам дека пресуди искуството во овие дерби натпревари, имаме многу нови играчи кои не го доживеале ова што се случи денеска, едноставно во тие први десет минути во првиот дел одигравме според планот, според договореното, но после сѐ потона, пробавме да се вратиме, на моменти игравме и срамно, сепак, спортски е да се надеваме, седум разлика е голема предност за Вардар, но мислам дека не го кажавме последниот збор. Останавме должни за битолската публика и за сите што веруваа во нас, имаме поддршка и мора да се освестиме”, изјави Пешевски.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во следното коло за ривал го имаат незгодниот тим на Еурофарм Пелистер.

Вардар ја доби првата битка против Еурофарм Пелистер, ќе брани „плус седум“ во Битола