Повратникот во Супер лигата, екипата на Јуниор КВ денес го означи почетокот на подготовките за втората полусезона, каде Горан Печенковски ги построи играчите во “Круме Кепески”.
Од клубот по регуларниот дел од сезоната си заминаа двајцата интернационалци Никола Матовиќ и Никола Митровиќ.
Тимот на Јуниор КВ во своите редови го ангажираше довчерашниот член на Еурофарм Пелистер 2, кружниот напаѓач Антонио Николовски.
Јуниор КВ во плеј-аут фазата, односно во битката за опстанок ќе се бори со екипите на Скопје, Голден Арт, Куманово, Радовиш, Струга, Прилеп и Вардар Неготино.
Избраниците на Печенковски во плеј-аутот ќе стартуваат со дуел против екипата на Куманово.