Репрезентацијата на Русија в сабота ќе почне со подготовките за Европското првенство, а селекторот Велимир Петковиќ соопшти имиња на 22 ракометари на кои ќе смета за овие подготовки.
На тренинзите ќе се бара начин како да се крене формата ред почетокот на Европското првенство, а од овие 22 играчи место ќе има за 18 играчи.
Русите ќе играат контролни средби со Хрватска и БиХ, а на Европското првенство за ривали ќе ги имаат селекциите на Литванија, Словачка и Норвешка.
СОСТАВ НА РУСИЈА
ГОЛМАНИ: Андреј Верешчагин (Перм), Артем Грушко (Чеховски медведи), Виктор Киреев (ЦСКА Москва).
ЛЕВИ КРИЛА: Роман Осташченко (Чеховски меведи), Игор Сорока (ЦСКА Москва)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Михаил Виноградов (Брегенц, Австрија), Евгениј Дземин (Чеховски медведи ), Сергеј Марк Косоротов (Висла Плоцк, Полска), Дмитриј Санталов (Мешков Брест, Белорусија).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Валентин Воробјов (ЦСКА Москва), Дмитри Житников (Висла Плоцк, Полска), Сергеј Кудинов (Шартр, Франција)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Сергеј Иванов (ЦСКА Москва), Дмитриј Киселев (ЦСКА Москва), Александар Котов (Чеховски медведи).
ПИВОТИ: Павел Андреев (Чеховски медведи), Александар Ермаков (Чеховски медведи), Радовми Врачевич (Виктор), Вјачеслав Казаткин (Татран Прешов (Словачка).