Петар Ненадиќ си оди од Веспрем!

Српскиот интернационалец Петар Ненадиќ по пет сезони на крајот на договорот во 2023 година ќе го напушти унгарскиот гигант Веспрем.

Веспрем не сака да го продолжи договорот со плејмејкерот, иако тој е еден од најдобрите играчи оваа сезона.

Тој дојде во Веспрем од гермманскиот Фуксе Берлин во 2018 година, а претходно беше член на Барселона, ПИК Сегед, Холстебро, Гранољерс…

Досега со унгарскиот тим, Ненадиќ освои една титула во домашниот шампионат, три трофеи во Купот, како и три трофеи во регионалната СЕХА лига.