Петар Ангелов Диви повторно ќе го води Вардар Неготино

Легендарниот македонски чувар на мрежата, Петар Ангелов Диви, се враќа на клупата на Вардар Неготино за пролетниот дел од сезоната.

Ангелов ќе биде во двојна улога како играч и тренер, како што беше една полусезона кога екипата се натпреваруваше во Првата лига. Кавадарчанецот во Неготино доаѓа на местото на Владимир Глигоров, кој го водеше тимот во есенскиот дел од сезоната.

Во неговиот стручен штаб ќе биде асистент тренерот Ратко Вељанов, како и кондицискиот тренер Горан Стојановски, кои и претходно работеа во клубот.

Вардар Неготино со ова трио ќе се обиде да избори опстанок во суперлигашката конкуренција, но нема да има лесна задача.

За таа цел на тимот му се потребни засилувања, а во следниот период ќе биде познато кои ракометари ќе го засилат составот од Неготино.