Тимот на Еурофарм Пелистер се врати во нормален тренажен процес пред мартовските предизвици во плеј-офот на Суперлигата, Лига на Европа и СЕХА лигата.
Јосип Периќ нема сериозна повреда по натпреварот во Татабања и магнетната резонанца, но заради болки во рскавицата предвидено е неколкудневно мирување.
Кубанецот Рение Табоада се приклучи на тренинзите на екипата по периодот на изолација по позитивниот тест на коронавирусот.
Десниот бек Мартин Велковски се повреди на последниот тренинг и предвиден е период на мирување, а медицинските служби ја следат неговата повреда.
Еурофарм Пелистер денеска ќе игра против Тиквеш, во вторник АЕК Атина доаѓа во Битола, додека в четврток гостува словачкиот Татран Прешов.