Периќ: Заслуживме да победиме, но и бодот на Вардар не е незаслужен

Составот на Еурофарм Пелистер имаше убава вечер играјќи пред одлична атмосфера во која на крајот, сепак, беше обезбеден само еден бод бидејќи со голот на Дибиров тимот на Вардар успеа да дојде до бод.

Вардар водеше во поголем дел од средбата, но Еурофарм Пелистер имаше подобра завршница.

„Можам да кажам само дека ова беше емоционално и физички страшен натпревар. Бевме лоши во првото полувреме, но се вративме во второто. Заслуживме победа, но исто така мислам дека и бодот на Вардар не е незаслужен. Благодарен сум што играв пред ваква публика, а Македонија доби вистинско дерби и може да се радува на годините кои доаѓаат“, изјави после натпреварот капитенот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ.

Битолчани биле изненадени од играта во одбрана на Вардар, поради која бил нарушен концептот на играта.

„Длабоката одбрана на Вардар беше незодна особено со Дибиров напред. Ни го растурија концептот, но во второто полувреме успеавме да се вратиме иако во најголем дел од средбата бевме во заостанувње. Тоа беше проблемот во првиот дел, се вративме, имавме сè во свои раце. Не одеше како што замислуваме, но можеме да бидеме со крената глава“.

До крајот остануваат уште доста средби, но сега е јасно дека Еурофарм Пелистер ќе мора двапати да дојде до победа против Вардар во плеј-офот доколку сака титула.

„Сè е изводливо. Можеме да му парираме на Вардар особено на домашен терен. Сите карти ги фрламе на домашнотп првенство. Тоа секогаш беше план и се држиме до тоа. Оваа публика предизвикува секогаш емоции и затоа се вративме од минус пет. Ова е неверојтно што ни го приредуваат на секој натпревар и многу ми е драго што можеме да играме пред една ваква публика“, коментираше Периќ.

Овие две екипи ќе имаат уште две средби, кои ќе бидат одиграни напролет во плеј-офот така што ќе биде доста интересно до крајот од сезоната.