Ривалот на Вардар во регионалната СЕХА лига, Партизан пред реванш дуелот против македонскиот шампион ангажираше две засилувања.
Партизан ќе биде посилен со екс ракометарот на Вардар, Вук Лазовиќ, како и со српскиот репрезентативец Младен Шотиќ. Кружниот напаѓач Лазовиќ е дете на Партизан, клуб каде настапуваше од 2006 до 2010 година, додека Шотиќ во дел од својата го носеше дресот на клубот од српската престолнина.
Лазовиќ во редовите на Партизан пристигна од Јужна Кореја, поточно од екипата на Хокс каде мина неколку сезони. Искусниот репрезентативец на Црна Гора ќе им се придружи на Иван Мичиќ, Мартин Варга и Никола Арсиќ на пикерската позиција.
Црногорецот во својата кариера настапуваше во екипите на Кршко, Слован, Црвена Ѕвезда, Војводина, Лубек, Дунареа…Дресот на Вардар го носеше во сезона 2012/13. Раководството на Партизан и Лазовиќ се договорија на соработка со важност до крајот на натпреварувачката сезона 2022/23.
Младен Шотиќ, кој настапува на позицијата лево крило, првиот дел од оваа сезона го мина во Бенидорм од Шпанија. Во клубот од Асобал лигата направи трансфер од Војводина, но не успеа да се адаптира во првиот интернационален предизвик.
Повремениот репрезентативец на Србија со Партизан потпиша договор на две и пол сезони. Шотиќ го носеше дресот и на Динамо од Панчево и Ред Стар. На репрезентативно ниво ги има минато сите младински категории на својата татковина.
Екипата на Партизан во рамки од 4. коло од групната фаза во СЕХА лигата ќе се сретне со тимот на Вардар. Првиот дуел меѓу двете екипи, кој беше одигран минатата недела, заврши со победа на избраниците на Владо Недановски од 30:26.
Реванш дуелот меѓу Партизан и Вардар е закажан за 28 февруари, а дополнително треба да се одреди терминот за натпреварот.