Ракометарите на Охрид од денеска се во српскиот град Шабац, каде што ќе го минат главниот дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната и суперлигашкиот плеј-оф.
Тимот на Горан Андоновски ќе одигра пријателски натпревари против составите на Металопластика, Партизан и Црвена Ѕвезда.
Охрид во суперлигашкиот плеј-оф ќе стартува без бодови, а првиот меч ќе го одигра на 11/12 февруари.
Од раководството на охридскиот тим информираат дека соработката со десниот бек Деан Шешиќ, кој дојде пред три месеци е продолжена и за следната сезона, односно до летото 2024 година.
Средниот бек од Црна Гора, Владан Кастратовиќ, кој дојде минатото лето од Струга, вториот дел од сезоната ќе го мине на позајмица во Куманово.