ОФИЦИЈАЛНО: Јованка Радичевиќ потпиша за Кастамону

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот клуб Кастамону.

Денес и официјално беше потврден нејзиниот трансфер од страна на турската екипа. Кастамону за следната сезона планира тим кој ќе има високи амбиции на европска сцена.

Јованка Радичевиќ пет сезони го носеше дресот на Вардар. По заминувањето од поранешниот македонски шампион една сезона настапуваше за ЧСМ Букурешт, а потоа се врати во својот матичен клуб во Подгорица.

Покрај Радичевиќ, за турскиот шампион потпишаа Мајда Мехмедовиќ, Марина Рајчиќ и Милена Раичевиќ.