Ончев: Со храбра и пожртвувана игра се боревме до крај, Озтурк: Ова беше перфектна вечер за нас

Предводен од двоецот Ончев – Озтурк, кои заедно искомбинираа повеќе од половината погодоци, вкупно 13, Охрид славеше над Бутел со 25:22.

Ракометарите на Охрид во текот на целиот натпревар беа подобри од гостите и на крајот успеаа да забележат значајна победа во битката за плеј-офот. Озтурк забележа 7 погодоци, додека Ончев реализираше еден помалку.

„Прво сакам да им честитам на моите соиграчи на храбрата игра, што 60 минути изигравме борбено и пожртвувано. Цела недела се спремавме за противникот, гледавме видеа, ги видовме грешките што ги направивме на првиот натпревар, на кој изгубивме несреќно. Се боревме машки до крај и покажавме дека можеме и дека заслужуваме да играме во Европа“, изјави Ончев.

Турскиот репрезентативец Озтурк е задоволен по триумфот над големиот ривал.

„Ова беше перфектна вечер за нас. Се функционираше како што се договоривме. Изигравме добар натпревар и многу сум среќен што со моите погодоци успеав да му помогнам на тимот да победи“, изјави Озтурк.

Со победата Охрид успеа да го помине Бутел на табелата и сега со скор од 5 победи и 3 порази се наоѓа на третото место. Во следното коло охриѓани гостуваат во Прилеп кај истоимениот тим.

Охрид ита кон плеј-оф, ги грабна трите бода против Бутел

Андоновски: Покажавме дека сме голема екипа

Јевтиќ: Сами се победивме, ваков луксуз не смееме да си дозволуваме