Од 1086 тестови досега на СП, само два се позитивни!

Светската ракометна организација соопшти дека двајца ракометари се заразени со коронавирус и се испратени во изолација.

Тие двајца се единствените позитивни од 1086 тестирани лица досега на Мундијалот. ИХФ не објави за кои ракометари конкретно се работи, но тоа се по еден репрезентативец на Белгија и Египет.

Ракометарите беа тестирани пред стартот на турнирот и повторно се тестирани пред почтокот на главната рунда на Мундијалот.

Ако играчот е позитивен, тој мора да биде изолиран пет дена. Изолацијата завршува по петтиот ден со негативен тест.

Македонија ќе игра во Президент Купот против Алжир, Тунис и Мароко.