Кире Лазаров денеска го официјализираше претходно најавениот крај на кариерата. Од Овче Поле, преку Борец и Пелистер, до Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барса и Нант – секаде каде што играше Лазаров остави неизбришлива трага.
Лазаров има освоено 56 трофеи во неговата кариера. 18 пати бил национален првак, a националниот Куп го има освојувано дури 19 пати. Со Барса се искачи и на еворпскиот трон.
Македонецот е прв ракометар што станал најдобар стрелец на ЕП и СП. За македонската репрезентација одигра 236 натпревари и постигна 1728 гола. Со Македонија беше дел од 12 големи натпреварувања како играч и на едно како селектор.