Актуелниот светски првак Данска утре со натпревар против Хрватска ќе го стартува натпреварите од главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
Селекторот на Данска, Николај Јакобсен се одлучи дополнително да повика нов ракометар во својата репрезентација.
Станува збор за актуелниот член на Магдебург, левиот бек Михаел Дамгард, кој допатува на Светското првенство поради повредата на Расмус Лауге.
Искусниот ракометар истакна дека пред да го добие повикот од селекторот Јакобсен, се забавувал со своите пријатели и воопшто не очекувал дека ќе настапи на Мундијалот.
„Пораката ја добив во неделата. Убаво се забавував со моите пријатели, а потоа се јави селекторот Јакобсен. Немав поим што се случи во тој момент, едноставно кога го видов бројот, знаев за што се работи”, изјави членот на Магдебург.
Данска во главната фаза пренесе четири бода и доколку утре триумфира против Хрватска, тогаш со една нога ќе биде во четвртфиналето.