Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија вчера донесе одлука за казна на десниот бек на Пролет, Доне Мајнов.
На дуелот меѓу Јуниор КВ и Пролет, кој се одигра на 18 ноември, Мајнов доби исклучување од две минути, но реагираше кон судиите Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.
Тие му доделија црвен картон за реакција кон официјални лица, а сега дисциплинците на РФМ го казнија со два натпревари неиграње.
Мајнов веќе го одработи едниот од казна и не беше дел од мечот со Тиквеш, а ќе го пропушти и натпреварот со Скопје.
Пролет го обезбеди местото во плеј-офот, и во последните две кола од регуларниот дел ќе се бори за подобра стартна позиција.