Објавен поширок список – еве на кои ракометарки смета Савевски за ЕП

Женската сениорска репрезентација во ноември ја очекува голем предизвик со настапот на Европското првенство во Македонија.

Селекторот Љубомир Савевски го објави поширокиот список од 35 ракометарки, од кои ќе ги одбере оние 20 што ќе ги започнат подготовките кон крајот на октомври.

На списокот нема поголеми изненадувања. 14 ракометарки се интернационалки, додека 21 има од домашното првенство.

Савевски нема да смета на Савица Мркиќ и Симона Гроздановска, кои одамна не настапуваат во националниот тим. На листата се најде и Зорица Десподовска, која исто така ја нема последните неколку години.

ЕП ќе се игра од 4 до 20 ноември, а нашите ракометарки ќе бидат во група со Франција, Романија и Холандија.

Во прелиминарната рунда дозволена е промена на две ракометарки од оние што се наоѓаат на поширокиот список, две во главната рунда и две во финалниот викенд. Замената е неограничена ако се работи за позитивни случаи на коронавирус.