Николов и Начевски ќе судат во Брно

Репрезентациите на Чешка и Украина во последното коло од квалификациите за Европското првество од Групата 3 в недела ќе имаат македонска арбитража.

За оваа средба се делегирани најдобрите судии од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ќе имаат важна средба за пласман на шампионатот.

Чешка славеше на првиот дуел во Украина и се наоѓа на чекор до ново учество на континенталниот собир.

На овој дуел кој се игра в недела од 18 часот во Брно делегат ќе биде Петер Дворски од Словачка.