Никогаш не е здодевно со ракометарите: Трилер во македонска режија (ВИДЕО)

Македонија има двајца свои херои на првиот натпревар на Европското првенство. Голманот Никола Митревски бранеше неверојатно, а капитенот Кирил Лазаров со голот постигнат во последната секунда донесе победа од 26:25 за први бодови на Македонија на Европското првенство. Стандардно како и досега, секој јануари од последните десетина години е исполнет со драматични и возбудливи натпревари во режија на нашите ракометари. Немаше исклучок ниту на првата средба во Виена, па иако водевме со пет разлика, сепак на крајот моравме да стравуваме за победата.