Гол за ТВ шпици: Атракција од гол на гол во режија на стружани (ВИДЕО)

Екипата на Струга во рамките од 7. коло од Супер лигата имаше тешка задача на гостувањето во Прилеп. Избраниците на Наум Танески беа поразени 22:25, иако во текот на натпреварот ракометарите на Прилеп имаа поголема предност. Освен добрата партија на неколку ракометари од домашниот и гостинскиот состав, натпреварот го одбележа и голот на ракометарот од Струга, Славе Јанковски, кој беше постигнат на 30 секунди пред крајот. Атракцијата на релација Матовиќ - Јанковски беше најубавиот дел од натпреварот во Прилеп, а постигнатиот гол на Јанковски може слободно да влезе во ракометните шпици. Погледнете...