Петте натпревари на Металург кои беа одложени бидејќи тимот од Автокоманда се најде под суспензија од ЕХФ поради долгови се регистрани со резултат од 10:0 за противникот, а Металург доби и санкции со одземање на бод за секој од овие дуели.
Истото ќе се случи и за последниот натпревар кој викендов треба да биде одигран, а Металург за противник го има Скопје 2020.
Со службен резултат се регистрирани дуелите:
Металуг – Вардар 0:10
Радовиш – Металург 10:0
Металург – Охрид 0:10
Еурофарм Пелистер – Металург 10:0
Металург – Бутел Скопје 0:10
Со ова на коло до крај табелата во Супер машката лига има нов лик.