Ракометарите на Охрид во првиот натпревар од плеј-оф фазата во Суперлигата одиграа рамноправен дуел против актуелниот шампион на Македонија, Вардар.
Избраниците на Раде Стојановиќ од Скопје си заминаа со празни раце бидејќи „црвено-црните“ не дозволија изненадување и триумфираа со 28:26 (12:13).
Во составот на Охрид имаше неколку расположени ракометари, меѓу нив беше средниот бек, Филип Кривокапиќ.
Црногорецот постигна четири погодоци, а со еден од нив во првите 30. минути ја „собра“ пајажината од голот на вардарци.