Стратегот на Ростов Дон, Амброш Мартин е санкциониран од страна на Дисциплинската комисија на ЕХФ поради неговото однесување за време на средбата од 3. коло меѓу Ростов Дон и Есбјерг. На овој натпревар Ростов Дон беше гостин и претрпе пораз од 26:31.
Мартин за време на средбата неколкупати жестоко реагирал кон судиите, па овие реакции се оценети како претерано големи така што веќе е санкциониран. Дисциплинската комисија оценила дека тој мора да плати парична казна од 500 евра.
Комисијата оценила дека неговото однесување заслужува и дополнителни санкции, но сепак завршил само со парична казна за која има можност да се жали во следните седум дена.