Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за Лигата на Европа и Европскиот Куп.
Во Европскиот Куп во машка конкуренција, Македонија ќе има претставник по подолго време, а тоа ќе биде екипата на Тиквеш од Кавадарци.
Кавадарчани ќе играат против екипата на Кремс од Австрија и ќе бидат домаќини на првата средба во салата „Јасмин“.
Првиот натпревар од второто кооло е на програмата на 14/15 октомври, додека реваншот е на 21/22 октомври.