Актуелниот македонски првак Вардар ги освои планираните бодовите од гостувањето во Охрид, триумфираше со 26-23 (15-12).
Ракометарите на Вардар од самиот старт, па до финишот имаа предност, иако во неколку периоди му дозволија на домаќинот да намали на гол до два негатива.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски изјави дека е задоволен со денешната победа против незгодниот тим на Охрид.
„Секако дека е тешко да се игра во Охрид, среќен сум за победата, без разлика со колку голови е, битно е дека денес се радувавме и го освоивме бодовите, очекувавме тежок натпревар, бидејќи се работи за една добра екипа со најмногу интернационалци после Еурофарм Пелистер, ние имавме добри моменти, добар почеток, потоа имавме пад во играта и на крајот покажавме карактер и се радувавме. Секоја победа е важна за титулата, немаш право на кикс, и тешките гостувања и домашните натпревари се битни за да станеш шампион”, изјави Недановски.
Вардар во следното, 3. коло од плеј-оф фазата за ривал го има тимот на Бутел.
Талески: Секоја победа на гости значи многу за Вардар, Охрид покажа карактер