Екипата на Вардар на денешната прес-конференција ги откри идните планови на клубот и промените во раководниот и спортскиот дел.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски, ги изнесе своите очекувања за претстојната сезона.
,,Сакам да ја искажам својата благодарност до управата на клубот што и покрај освоеното трето место во минатата сезона, пак ја добивам довербата да бидам прв човек во стручниот штаб на Вардар, тоа за мене претставува голема чест. Би се навратил на 2003-та година, кога Михајловски ми се јави и како 17-годишно момче ме повика да дојдам во Вардар. За мене е навистина чест што по 20 години пак сум тука, до господинот Михајло Михајловски. Што се однесува до помошникот Сотилов, чест ми е што заедно ќе бидеме во стручниот штаб, тој е најголемото вардарово име и благодарност што прифати да работи и како координатор на младинските школи и да биде мој помошник. Во минатата сезона целта ни беше одбрана на двете титули на домашна сцена, ја одбранивме титулата во Купот, завршивме на трето место во домашниот шампионат и следната сезона подобар пласман од минатиот би бил успех”, изјави Недановски.
Ракометарите на Вардар денеска ќе ги почнат подготовките со новите имиња, а ќе имаат проверки на Струшкиот турнир пред двомечот со Рајн Некар Левен во единственото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Вардар остана без Манасков и Добрковиќ – еве го „црвено-црниот“ ростер за новата сезона!
Ристовски: Донесовме шест засилувања – првична цел е стабилизација на клубот
Михајловски: Се повлекувам од Вардар, но го оставам клубот во сигурни раце!
Борко Ристовски оди во пензија, ќе биде извршен директор во Вардар!