Ракометната федерација на Македонија се реши за популарен потег пред првиот бараж натпревар со Украина за пласман на СП.
Влезот за дуелот во СЦ „Борис Трајковски“, што ќе се одигра на 8 април од 19:00 часот ќе биде слободен.
На ракометарките ќе им треба голема поддршка во обидот да создадат добра залиха пред вториот натпревар со незгодниот ривал.
Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка, ќе се одигра во унгарскиот град Кишварда со почеток во 17:00 часот.