На полувреме во Скопје: Турција има реми против Македонија

Македонија во „Борис Трајковски“ го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО2024. Против Турција, Македонија треба да го завери пласманот на нов континентален собир. На полувреме Македонија и Турција ремизираа на 15-15. Ако останат израмнети силите Македонија ќе заврши на втората позиција во групата, а Турција ќе има бод на табелата на најдобропласирани треторангирани екипи.

Георгиев го отвори резултатот на натпреварот, а Македонија имаше две стопроцентни шанси кои не ги искористи, затоа Турција поведе со минимални 2-1. Сепак нашата селекција ја имаше контролата над играта, подобрата одбрана и расположениот Томовски ги одржуваа македонските ракометари во предност од еден до два гола. Искусниот Гоце Георгиевски кој вечерва го игра последниот репрезентативен меч во 10 минута го постигна првиот гол на натпреварот за 5-3 за Македонија. Филип Кузмановски ја продолжи серијата на Македонија и од пенал ги постави првите „плус три“. На истиот начин преку сигурниот Томовски и пенал на Кузмановски, Македонија дојде и до 9-5, во 15. минута. Во наредните три минути Македонија влезе во серија грешки, а Турција со своја серија ја врати неизвесноста на натпреварот и намали на  10-9. Возбудувањата продолжија до крајот на првиот дел, а Македонија од 22. минута не можеше да смета на услугите на Филип Кузмановски кој при доскок го повреди скочниот зглоб на десната нога и веднаш замина на понатамошни лекарски прегледи.

Во 25. минута Турција преку најискусниот Рамазан Доне го израмни резултатот на 13-13, а Македонија возврати преку Серафимов и домашната селекција повторно имаше гол предност. Во финишот на првото полувреме Талески во 28. минута ја врати позитивата на „плус два“, но техничките грешките во нападите на Македонија и досудените пробивања и овозможија на гостинската репрезентација егал завршница при 15-15. На четири секунди до крај селекторот Лазаров повика тајм-аут, но Македонија не го искористи последниот напад за конечни 15-15.

Првите две репрезентации од групата се пласираат на Европското првенство, како и четирите најдоброрангирани третопасирани репрезентации во овие квалификации. Единствено со пораз повеќе од 9 голови разлика, Македонија би завршила како третопласирана во групата, каде повторно има шанси да биде во првата половина од најдоброрангираните репрезентации кои не обезбедиле учество.