Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Дербито на петтото коло од главната рунда меѓу Будуќност и Ѓер им е доверено на македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат на овој дуел ќе биде Стела Вартањан од Русија.
Натпреварот меѓу Будуќност и европскиот првак ќе се игра на 1 март, в недела, со почеток во 17:00 часот на жешкиот терен во „Морача“.
Црногорскиот тим и Ѓер веќе го имаат обезбедено местото во четвртфиналето, но доколку слави Будуќност, ќе чека кикс на францускиот Брест за да се искачи место погоре.