На брачниот пар не му беше сеедно: Мавсар се радуваше, Брегар тагуваше!

Селекцијата на Словенија славеше против Србија во последното коло од прелиминарната рунда, по што домаќинот на ЕП се радуваше на место меѓу најдобрите 12, додека нашиот северен сосед се врати дома.

На овој натпревар имаше несекојдневна ситуација. На спротивни страни беа сопружниците Урош Брегар и Тамара Мавсар. Брегар е селектор на Србија, додека Мавсар настапува за Словенија.

„Секако дека ми е жал за мојот сопруг. На ракометниот терен ние сме ривали. На крајот на натпреварот, еден од наш е среќен. Тоа е животот“, вели Мавсар за ТВ 2.

Двајцата се некогашни членови на ЖРК Вардар, а сега се заедно во унгарскиот тим Шиофок.

Словенија денеска го започнува настапот во главната рунда со меч против Хрватска.